FaceBook  Twitter  

Комисијата за заразни болести објави општи мерки за заштита од грип кои се насочени кон сите акутни респираторни заболувања и може да се од голема корист, особено ако се применуваат во текот на целиот зимски период.

grip 1

Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе (голема густина на престој), особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни - кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура!

- Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство!

- Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат!

- Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи!

- Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.

- Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот.

Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински таблетарни препарати и зајакнувачи на отпорноста (имунитетот).

- Практикувајте здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржувајте ја физичката и психичката активност, намалете го стресот. Силниот имунитет ќе ви помогне да останете здрави или полесно да се справите со грипот и заболувањата слишни на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да станете жртви на вирусите и да настинете!
grip 2

Што ако се разболите од грип? Како да ги заштитите блиските?

Ако и покрај сé се разболите од грип или некоја друга вирусна инфекција слична на грип, тогаш придржувајте се кон следните препораки:

Останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има премногу луѓе!

Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна!

Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни!

Ставајте маска/крпа на устата и носот кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате!

Мијте ги рацете со топла вода и сапун - често и темелно, особено после кивање или кашлање!

Користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете!

Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце!

Отстранете ги или дезинфицирајте ги загадените предмети од околината адекватно!

Проветрувајте ја често просторијата во која престојувате додека сте болни!

Одржувајте ја чиста вашата околина - предмети, површини со средства за хигиена на домот!

Побарајте лекарска помош доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови!

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот со својата супериорна афтентичност се вклопува во срцето на Скопје. ...
Хотел Тино е нов, модерен и атрактивен хотел лоциран на самиот кеј на Охридското езеро. ...
Александар Палас, водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк. ...
Ресторанот "ОЛИМПИА" е лоциран во населба Радишани, на 8 км од центарот на Скопје, во удобна и тивка атмосфера. ...
Терасата на ресторанот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, што му дава посебна привлечност на овој локал. ...