Празничното божиќно расположение и исчекување на најрадосниот христијански празник кај православните христијани започнува од Свети Никола.

Раѓањето на Исус Христос е празник којшто се прославува со семејството во домот, како и со одењето на црковна Богослужба. Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централно случување. Тогаш се пали кандило и се крши лепче со паричка. Но, на трпезата пожелно е да имате уште еден од големите симболи на најсреќниот христијански празник – Божиќната пченица која ја симболизира плодната година и која според традицијата се сади токму на Св. Никола.

Зелениот дел од пченицата изгледа убаво и свежо, па можеби затоа претставува и уникатен украс во вашиот дом, а ќе донесе и посебна свежина во домот. Иако пред Божиќ може да ја купите и готова, ако сте од оние коишто сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете ја сами. Ваквата декоративна пченица најчесто ќе сретнете на трпезите кај католиците, коишто за католичкиот Божиќ секогаш ја ставаат на трпезата.

Разубавете ја претстојната празнична трпеза

За да израсне до Божиќ, би требало навремено да ја посадите. Треба да биде зелена и бујна, бидејќи тоа означува дека такви ќе бидат посевите во текот на годината, или така барем велат старите верувања. Пченицата се сади на празникот Свети Никола, односно на 19-ти декември кај православните, а кај католиците на 13-ти декември, на празникот Света Луција.

За садењето ви е потребна една рака пченица и сад или чинија во којашто ќе ја посадите. Во плиткиот сад ставете земја а врз земјата наросете ја пченицата, којашто отстоила во вода преку ноќ. Одозгора прекријте ги зрната со уште малку земја, којашто секојдневно ќе ја навлажнувате, односно ќе ја прскате со вода на собна температура.

Премини на следната страна >>

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?