loading...

Доколку патот случајно во однесе во Загреб, тогаш задолжително посетете го ова кафуле. Се наоѓа во строгиот центар, на самиот градски плоштад.

Доколку ова лето патот случајно ве однесе во Загреб и доколку сте во потрага по убаво, атрактивно, интересно, а воедно и опуштено и лежерно место, каде ќе можете да го испиете вашето утринско кафенце и да се видите со пријателите, тогаш задолжително посетете го кафулето Корнер. Се наоѓа во строгиот центар на градот, во непосредна близина на градскиот плоштад, во Бан центарот и дефинитивно е едно од оние ретки места кое вреска со својот интересен ентериер, воодушевува со екстериерот и едноставно ја поседува една од најубавите тераси во центарот на градот.

Вертикална јапонска градина, удобни lounge фотелји во боја на песок, чадори без логоа и детали како колачиња со кафе, ароматизирани води со краставица и ментол, само се некој од работите поради кои во ова кафуле ќе се чувствувате пријатно и светски.  Покрај ова тука имате и врвна понуда на вина, разно-разни кафиња, овошни смутија, колачиња.. се потсетува на некоја вистинска светска метропола во кое е се светски освен цените, кои се типично хрватски. Убави и удобни кожни фотелји, троседи и мебел како во дневна соба посебно доминира во горниот кат кој е резервиран за пушачите, додека приземјето е резервирано за непушачи и со нив доминира голем просторен шанк, светол мобилијар и стаклени карпи кои нудат поглед кон средената тераса.

Погледнете повеќе во фотографиите, а доколку ви се допаѓа овој пост, ве молиме споделете го со пријателите.

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО