Жените во индустријата, најверојатно, се малтретирани од страна соработниците, шефовите и клиентите и тоа на неделна основа ...

Девет од 10 жени во ресторантската индустрија доживуваат сексуална злоупотреба, а 50 проценти од тие жени го искусуваат тоа еднаш неделно, се вели во новиот извештај на Restaurant Opportunities Center United and Forward Together. Голем број на фактори се комбинираат што го прават работењето во ресторан непријателско место за жени (па дури и за мажи). Работничките кои земаат плата исклучиво во вид на бакшиши е двојно поверојатно дека ќе доживеат сексуална злоупотреба од оние кои работат за минимална плата, а газдите имаат тенденција да ги замолат да носат непристојна облека почесто. Две третини од жените (и половина од мажите) кои работат во ресторани се малтретирани од страна на сопственикот, менаџерот или супервизор. Осумдесет отсто од жените го доживуваат тоа од соработниците, а 90 отсто ги вознемирува однесувањето на гостите.

Повеќето жени-работнички беа загрижени дека ќе бидат отпуштени ако се обидат да пријават малтретирање. А работничките кои добиваат бакшиши беа загрижени дека ќе добијат помали бакшиши ако пријават несоодветно однесување од гостите.

Студијата сепак покажува начин да се промени менталитетот на индустријата за сите кои се вклучени, вклучувајќи и покачување на платата и олеснување на начинот на кој вработените може да пријават малтретирање и зголемување на свесноста за нивните права.

Што се однесува до нашата земја, ситуацијата е малку поразлична. Преставничките од понежниот пол најчесто работат само во некои попознати ресторани, додека во помалите ресторани и кафаните најчесто работат мажи. Но тоа не значи дека овие работнички кај нас поминуваат поубаво. Што мислите вие?

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?