FaceBook  Twitter  

 

Не е сѐ толку гламурозно како што изгледа!

 

Ако ја гледавте модната ревија на Викторија Сикрет, можеби реагиравте на еден од ове начина: 1) со пцуење на сендвичите пред вас, или 2) така што сте ги изеле сите сендвичи.

 

Најпрво, фактот: Сите 47 од крајно згодните Ангели од 2014 се генетски надарени жени со супер-долги нозе, убави лица и со прекрасни тела. Но, тоа значи дека нивните заносни тела, гради и коса добиваат малку поголема помош и внимание отколку што вие им посветивте внимание на вашите гради и коса утринава. (А под ова ’малку’, ние, всушност, мислиме мнооогуу). Затоа, за да ви помогнеме да се чувствувате малку подобро во однос на изгледот на ангелите на Викторија Сикрет, ви презентираме 5 причини зошто во никој случај не би сакале да чекорите на модните писти.

1. ОГРОМЕН дел од нивниот ден е посветен на косата и шминкањето

 

Карли Клос изјави за InStyle дека Ангелите поминуваат поголем дел од денот на тоа како да бидат уште поубави и поатрактивни по пат на шминкање и употребување на разно-разни производи за коса. Тоа е далеку многу повеќе време отколку вашите пет минути рутинско шминкање пред да излезете на работа, нели?

 

2. Прават интензивни вежби

 

На тема на физичкиот предизвик, Адриана понекогаш се поти два пати дневно пред да настапи. А Лили Олдрич, исто така Ангел на ВС, изјави за Vogue дека еден месец пред некој настап, таа се поти 90 минути на ден, шест дена во неделата. Ние повеќе преферираме зацврстување без да жртвуваме и секунда од слободното време што го имаме, нели.

3. Влакната од нивното тело мора да исчезнале некако

 

Иако е тешко да се поверува, сепак овие дами се, всушност, луѓе - и, како такви, претпоставуваме дека имаат влакната на телото. Но, тоа е тешко да се каже според изгледот на нивната прекрасно мазна кожа. Пред минатогодишната ревија, Кендис Свенпоел изјави за Huffington Post дека депилацијата оди во комплет со манекенството. Можеме само да замислиме колку ленти за депилирање се потребни да се има толку мазна кожа на целото тело. 

 

4. Подигнати гради

 

Градите на дамите исто така добиваат малку поголемо внимание од спреј-пиштолот, изјави Џими Коко за Harper's Bazaar. Инаку, тој е одговорниот за чудесниот тен на манекенките на модните писти. Тој изјави дека им става спреј околу градите на Ангелите, па затоа тие се малку посветли отколку остатокот од градниот кош, што има дава "лифт" и го привлекува вниманието кон градниците. Мисијата е извршена, Коко.

 

5. ... И подигнат задник

 

И на крај, но дефинитивно не и најмалку важно, задникот на моделите добива одредена љубов од спреј-тенот на Коко, според Harper's Bazaar. „Мојата контура на задникот е во облик на срце, што, исто така, дава изглед на подигнат задник. Ова го правам со засенување кое започнува од опашката на ’рбетот, околу колковите и надолу до дното на задникот. Горниот дел од задникот е нијансиран малку посветло", изјави тој за магазинот. 

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Во атарот на село Нежилово на реката Бабуна се наоѓа рибникот на пастрмка Нежилово ...
Хотел “ Капри” располага со вкупно 20 соби и лоби бар до до 25 гости. ...
Duvet (Центар) Хотелот се наоѓа во центарот на градот буквално минути пешачење од плоштадот. ...
Хотелот "Гранит" е лоциран на брегот на Охридското Езеро, во месноста Св. Стефан на 5 км од центарот на Охрид. ...
Хотелот Манастир е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. ...