Познатата македонска модна креаторка Александра Митковска ја презентираше својата прва колекција со сериско производство наречена „Премиера“, вчера попладне во својот бутик „VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska“.

Во поинтимна атмосфера од нејзиното досегашно презенитрање на колекциите, дружејќи се со посетителите, Митковска ги прикажа новите модели на капути, палта и други модни парчиња од колекцијата за есен/зима 2014 година.

Строгите линии, асиметричниот крој и навидум неспоивите бои и материјали ја следат и оваа колекција на Митковска која пред четири години го претстави брендот „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“.

Домашните љубители на креациите на Митковска од вчера имаат можност сите модели од оваа колекција да ги купат во бутикот. Комерцијалниот дел на „Премиера“ е произведен во 3000 парчиња и доминираат црната, сивата и белата боја, како и карираниот принт и е наменет како за домашниот така и за странските пазари. Наскоро моделите ќе бидат во продажба и во Белград, Софија, Загреб, Сараево,Тирана и Милано.

Најавниот дел од колекцијата „Премиера“ беше прикажан на есенското осмо издание на „Моден викенд Скопје“ , на црвен килим пред Музејот на Град Скопје.

Шоурумот и бутикот „VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska“ се наоѓа на ул: „11 Октомври“ бр. 86 ( спроти Државниот пазарен инспекторат) во Скопје.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?