FaceBook  Twitter  

Точно пред 5 години, на денешен ден, најголемата македонска поп музичка ѕвезда Тоше Проески, загина во сообраќајна несреќа на автопат  во близина на Нова Градишка, во Хрватска...

Кога загина, Тоше имаше само 26 години, а веќе целиот балкански простор му беше на дланка. Беше ултрапопуларен каде и да се појавеше, со својата беспрекорна харизма и неповторлив вокал. Неговиот слоган „Ве сакам сите“ засекогаш ќе остане врежан во умот на сите кои го знаат.

Тоше прв пат се има појавено на 12 годишна возраст на фестивалот за деца Златно Славејче, за да првиот официјален албум „Некаде во Ноќта“ го издаде во 1999г, по кој следуваа уште 6 други, до кои последниот „Игри без Граници“ му беше последен пред смртта. Постхумно е издаден и албумот за англискиот пазар “The Hardest Thing” во 2009-та година.

Пред некое време беше објавено дека хрватската издавачка куќа Hit Records, aлбумот „Игри без Граници“ го има продадено во над 50 000 копии, со што го достигнал тамошниот платинест тираж. Па така во рамките на промоцијата, Hit Records на учесниците во албумот Мирослав Рус, Никша Братош и Миро Буљан им додели платинести плакети, а за Тоше беше обезбедена платинеста плоча која постхумно му беше доделена.

Тоше засекогаш ќе биде запаметен како човек со чисто и големо срце, праведен, побожен у хуманист кој организираше голем број на концерти, чии средства одеа во хуманитарни цели. Од 2004 година стана и амбасадор на Добрата волја на UNICEF. Па така после неговата смрт е прогласен и за почесен граѓанин на Македонија.

Затоа денес ќе биде одржана централна молитва во Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје со почеток во 17:30 часот, додека Црвениот Крст на град Скопје, инспириан од хуманоста на Тоше, ќе го одбележи светскиот ден на гладот пред спомен куќата на Мајка тереза во Скопје од 11.30 до 16 часот.

Сите да се сеќаваме на човекот кој секогаш знаеше да ни ја тргне тагата од лицето и да ни ја врати надежта во срцата.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел Леонардо е модерен и комфорен хотел одалечен само 1 км од центарот на градот. ...
Ресторан „БИСЕРА" е лоциран во населба Аеродром и успешно работи од 2000-та година. ...
Терасата на ресторанот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, што му дава посебна привлечност на овој локал. ...
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од Охридското Езеро. ...
Супер модерен ресторан за прослави направен за Ваше задоволство.