matte

Германски државјанин од Берлин, успеал да излаже околу дваесетмина граѓани на Охрид, ’продавајќи‘ им работни визи за Германија, Австрија и Швајцарија...

Продавајќи им ја оваа ’патка‘, Германецот се офајдил за околу 10 000 евра и веднаш потоа ја напуштил државата. Кога и оштетените станале свесни дека се намагарчени, случајот го пријавиле во охридската полиција, која поднела кривична пријава за измама против 28 годишниот германски државјанин.

Измамникот инаку престојувал во Охрид во периодот Јуни и Јули и овде отворил фирма преку која ја рекламирал својата измама за работните визи. Биле исштампани и флаери, вработени преведувачи, како и огласи во локалните медиуми – значи сé било опремено со сите нишани!

Откако почнале да се јавуваат заинтересирани граѓани, типот остварувал лично остварувал контакти со нив, преку кои ги уверувал дека за цена од 450 до 500 евра, ќе им обезбеди легална работа во споменатите држави.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО