FaceBook  Twitter  

Eте, преживеавме уште еден крај на светот. Имено, 08.11.2011 беше новиот конечен датум кога ќе исчезнат нашата планета и цивилизација во огнот на злобниот астероид 2005 YU55. Bruce Willis тажно посматрал како не заобиколува убиецот од својата летачка чинија наоружана со атомски бомби.

И така, ништо не се случи. Со астероидот 2005 YU55 не слетаа вонземјани, нити Исус дојде на земјата за да им суди на живите и мртвите и да ги казнува читателите на порно магазините и комунистите! Колку досасно...

alt

Човечката раса во последново десетолетие се покажа доста отпорна на Армагедон. Само во 2011-та покажавме заби во повеќе наврати. Американскиот христијански фундаменталист Harold Camping стручно дојде до заклучок дека ќе бидеме уништени на 21.5. во рацете на божјиот гнев, кога само 3% од светската полулација ќе оди во рајот, додека за сите останати е резервирано место во пеколот. Откако го преживеавме и тоа, тој најави нов датум - 21.10., денот кога започнува „спиритуалното судење“. Хмм, некако и тоа не заокружи...

alt

Но, не само христијанските фанатици се единствени кои не веруваат во наука! Напротив, New Age-овците се далеку покреативни. На 9-тата полна месечина, во Земјата требало да удри комета C/2010 X1, позната под името Elenin, која со својата мега површина од 2км, требаше да го избрише човештвото. Друга пак беа уверени дека популарната Планета Х на која ќе јаваат вонземјани од ѕвездениот систем Zeta Reticulli, ќе дојде и ќе ни всади нешто во мозокот преку кое ќе не контролира и попат ќе ги променат магнетните полови на Земјата. Секако дека овогодинешниот земјотрес во Јапонија беше директна последица на Zeta Reticulli !

alt

Според досегашниве факти, некако логички се наметнува дека ниту озлогласената 2012-та нема да ни донесе ништо ново. Маите и John Cusack можат да зборуваат што сакаат, на луѓето и лебарките нема да им падне ниту влакно од главата.

Сепак, не смееме да бидеме толку самоуверени... Сéуште не го знаеме точниот датум на ZOMBIE Apocalypse. E тогаш сме нае*але...

alt

Врати се на првата страна.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот располага со два ресторани, бесплатен интернет и рецепција која работи 24 часа. ...
Најдобар Spa Resort за регионот Балкан на World Spa & Wellness Awards 2014 во Лондон.
Хотелот Премиер се наоѓа во центарот на Вевчани.
Преубав ресторан во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски
Терасата на ресторанот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, што му дава посебна привлечност на овој локал. ...