Еве неколки интересни примери коишто можете да ги направите во студените зимски денови.

Сите тие спаѓаат во групата на романтични состаноци, па доколку сакате да промените нешто во вашиот однос со саканиот одберете еден од овие совети и почнете да го планирате истиот. Но, да почнеме по ред!

Сноубординг

alt

Заборавете на Султанот, Малечката невеста и на романтичните вечери. Набавете зимска опрема и упатете се до првото место каде што би можеле да посурфате. Ова треба да е интересно за сите, без разлика дали сте професионалец или тотален аматер. Важен е вашиот авантуристички дух, а, секако, и расположението кај вашиот партнер. Тие секогаш се радуваат како деца на еден ваков предлог.

Одете на кино

alt

Одберете некој интересен филм, од репертоарот во градските кина, кој што до сега не сте го гледале, размислете што би сакале да грицкате и набавете два билета. Во прилог на ова ви оди тоа што деновиве во Македонија се отвори 3Д кино, па така, вие, ќе можете да си приуштите едно ново искуство.

Покрај камин

alt

Изнајмете некоја вила која што има камин и кујна, набавете ги сите потребни состојки за вашето омилено јадење и кажете му на партнерот за вашата намера. Задолжете го тој да се погрижи за пијачката што ќе ја конзумирате таа незаборавна ноќ.

Проветете некоја локална приказна поврзана со духови

alt

Проблемот кај оваа препорака, барем кај нас, е во тоа што туристичките агенции се уште ги немаат мапирано ваквите тури. А верувајте, доколку се распрашате кај неколкумина ваши пријатели секогаш ќе дознаете дека нешто чудно, некогаш и некаде, се случило и во вашиот град. Облечете ги вашите обувки, јавете му се на партнерот и веднаш пронајдете го тоа место. Обидете се на лице место да дознаете што повеќе за него. (Повторно ве предупредуваме ова нешто да не го барате од нашите туристички агенции бидејќи ќе ве гледаат, со еден збор – чудно!)

Посетете необичен ресторан

alt

Пребарајте ги сервисите кои ги имаат различни видови на ресторани (еве на пр. нашиот сервис кој што можете да го разгледате тука) и одберете некој вид на храна кој што досега не сте го пробале. Потоа јавете му се на партнерот, кажете му ја намерата и обидете се да го убедите така што ќе му речете дека вие ќе ја платите сметката. По ова, заминете во некое кафуле на уште некоја пијачка и да си го довршите муабетот, секако...

Преслушајте некој локален бенд

alt

Разгледајте ги можностите од кафулињата каде што живеете и обидете се да најдете некоја жива свирка со бенд кој што сеуште не сте го слушнале. Припремете се за журка и соберете го партнерот. Внимавајте, сосема е различно кога ова ќе го направите само вие двајца, инаку во секоја друга прилика муабетот околу романтиката завршува. Освен ако не сте свингери, секако!

Направете сопствен филмски фестивал

alt

Седнете и една цела недела договарајте се со вашиот партнер кои 5 филма сакате да ги изгледате заедно. Потоа одлучете чиј кревет е позгоден за ваков вид на рекреација, набавете неколку лименки пиво (по можност некое кое што не сте го пробале до сега) и вашиот фестивал може да започне. Не заборавајте да го изгасите светлото.. и телефонот, секако!

Посетете ги локалните селани

alt

Ова деновиве можете да го направите само доколку имате добар автомобил и секако, доколку не тргнете кон некое околно селце кое што, поради обилните врнежи на снег, со денови немало контакт со реалноста. И, за да го избегнете овој непријатен момент, во којшто тие ќе ве гледаат како спасители и дека им носите некаков чуден абер од надворешноста!, ве советуваме претходно добро да  разгледате на интернет каде треба да појдете. Откако ќе го најдете местото, обидете се до него да стигнете што е можно побезбедно и на првиот селанец кажете му ја целта на вашето доаѓање – сакате да набавите килограм сиренце и уште некој производ од прва рака. Тие ќе бидат пријатно изненадени, верувајте. А и нивните производи се секако, секако!

Исчистете го снегот

alt

Ова не треба да биде рекреација само за оние што имаат партиска книшка. Без разлика на вашите политички погледи, малку играње во снегот секако дека нема да ви нашкоди. Затоа облечете се убаво, пронајдете некои стари ракавици и поканете го вашиот партнер да пронајдете некое местенце на кое што, заедно, ќе можете да направите некоја интересна фигура во снегот. Нека биде тоа покрај некоја црква или џамија, сеедно!

Појдете во библиотека

alt

Кога сте биле последен пат во библиотека? А сте го направиле ли тоа некогаш заедно со вашиот партнер ? Доколку одговорот на овие прашања ви е негативен, тогаш искрено ве советуваме да појдете до вашата библиотека и да пронајдете некоја интересна книга за вас. Бидејќи во случајот сте двајца, тогаш дозволно е тоа да биде и некој прирачник или книга за секс како што е Кама сутра на пример. Вработените ќе бидат изненадени од вашите желби,а воедно и пријатно расположени кон вас!

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?