ban2

Баш не интересира што би кажал Шенки Версаче за оваа девојка ...

Маја Ивановиќ, студентка на еден приватен факултет во Белград заврши во сите балкански медиуми поради темата на својот дипломски труд кој го положи со десетка. Маја се пофали со фотографии од одбрана на дипломската на Инстаграм, а кога фотографиите завршија во медиумите, цела Србија почна да тера сеир со темата и насловот на нејзината дипломска. Имено, насловот на нејзиниот дипломски труд е „Лојалноста на потрошувачите на брендот Guess“, а на корицата го има дури и отпечатено логото од омилениот бренд во златна нијанса. И како што тоа обично се случува на социјалните мрежи, едни не гледаат ништо спорно во името на нејзината тема, додека оние огорчените сметаа дека приватните факултети во Србија го нарушуваат образовниот систем и дека е неверојатно некој што се занимавал со чевли и чанти во својот дипломски труд да добие десетка за истата. Маја се пофали и дека факултетот го завршила со просек 9.2 и дека е еден од лојалните потрошувачи на брендот Guess бидејќи нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии од чевли и облека од споменатата трговска марка. Таа е мошне популарна на Инстаграм каде што ја следат преку 60 илјади обожаватели, а откако се најде во медиумите, оваа бројка станува се поголема.

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?