FaceBook  Twitter  

Храната која што ја јадете може да влијае на мирисот со кој вашето тело се обидува да го привлече спротивниот пол, открија научниците.

Тие долго го следеа начинот на кој мажите на еден вид гуштери (шарени дождовници) ги привлекуваат своите женки избирајќи хранливи намирници, а според прелименарните студии покажува дека слично важи и за луѓето. Во низа од експерименти, 42 мажи јадеа сиров бел лук (по четири чешниња) или голтаа капсули (со 1000 мг екстракт од бел лук), а потоа носеа туфери под пазувите во наредните 12 часа. Тие потоа се воздржуваа од јадење лук и исто така носеа туфери во кои се впиваше нивната пот.

Потоа 14 жени го проценуваа мирисот на овој памук и го споредуваа со оној кој го носеа мажите кои јадеа лук со останатите. Тие дојдоа до заклучокот дека мажите кои уживале во моќниот природен антибиотик имаат попривлечен мирис за претставничките на понежниот пол. Според нив, мирисот збогатен со лук делува привлечно на спротивниот пол бидејќи укажува на здравствената состојба на потенцијалниот партнер. 

„Исто така, можеби мирисот на мажот сугерира и каква храна можете да и обезбедите на партнерката“ смета Житка Фијалова од Карловиот универзитет во Прага која воедно и ги водеше овие „необични“ студии.

Едно друго истражување покажа и дека мажите кои внесуваат храна богата со каротеноиди* исто така делуваат привлечно за жените, но и тоа беше направено на помали примероци.

(*Некои каротениди во телото на човекот можат да имаат улога на антиоксиданси, додека β-каротенот содржи витаминот А кој помага во одржувањето на видот. Растенијата кои се богати со каротеноид најчесто имаат ниско ниво на липиди.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот "КАМНИК" е лоциран на влезот од градот оддалечен само 10 минути возење до центарот на Скопје. ...
Сместен во пазувите на На­цио­нал­ни­от Парк Пелистер, хотелот Шум­ски Фенери, се наоѓа на 900м над­мор­ска височина. ...
Хотелот "Гранит" е лоциран на брегот на Охридското Езеро, во месноста Св. Стефан на 5 км од центарот на Охрид. ...
Хотел прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим. ...
Хотел со 4 ѕвезди во Струга, долж Охридското Езеро.