FaceBook  Twitter  

Во август 2012, нешто пред 65. Ден на независноста на Индија, еден од најтиражните магазини во земјата - „Аутлук Индија“ - објави резултати од големо истражување кое што го спровеле меѓу читателите.

Прашањето било: „Кој по Махатма е најзначајниот Индиец на сите времиња?“ Махатма, секако е Мохандас Карамчанд Ганди!

Не е воопшто неочекувано дека Аутлук ова тврдење го изнесе здраво за готово. Ганди стана очигледен, неспорен барометар за значајот и големината на Индија, ако не и воопшто. Кој денес не го сака Ганди? Зарем има такви? Го познаваме како слабичок, благодарно ненахранет старец со побожна душа и со морал чист како солза. Тој е човек кој ја има внесено новата граматика на ненасилен отпор во Индија, земјата на која и помогнал да се ослободи од оковите на британската империја. Преживеал неколку штрајкови со глад се додека Хинду националистите не го убија со пукање од огнено оружје и со тоа го направија светски маченик.

Или барем така, во кратки црти, изгледа општо прифатената приказна за него. Но, според некои истражувања, вистината за Ганди е сосем поинаква. Неговиот имиџ по смртта бил вграден внимателно и биле изоставени сите лоши детали како тоа дека неговата реторика била заснована на расизам, потоа жестоката алегорија кон женскиот сексуализам и постојаната неспремност да се де помогне на ослободувањето на Далитите.

Ганди во Јужна Америка

Тој живеел во Јужна африка од 1893. до 1914 каде бил адвокат и се борел за правото на Индијците, но само за Индијците. За него Јужноафриканците одвај биле човечки битија и постојано ги навредувал со јужноафриканскиот погрд израз kafir. „Белата раса треба да преовладува во Јужна Африка“ изјави тој во 1903 година. Кога ќе заврши во затвор во 1908 година го презираше фактот дека Индијците ги мешаат со црните, а не со белите затвореници. Некои јужноафрикански активисти ги оживееја овие податоци за Ганди, како што е  на пример книгата на двајца јужноафрикански академици која беше објавена во септември 2015, но тие одвај да има било какво влијание на културната свест во светот. Некаде во тој период Ганди започнува да ја негува и мизогинијата која ќе ја носи во себе до крајот на животот. За време додека престојувал во Јужна Африка тој ќе „реши“ еден случај во кој еден младич злоставувал две следбенички на Ганди така што на сила им ја скратил косата за да ја тргне секоја можност да привлечат било какво сексуално внимание. (Мајкл Конелан во Гардијан внимателно има објаснето дека Ганди верувал дека жените ја предаваат сопствената човечност во оној час кога мажите ќе ги силуваат). Тој размислуваше под претпоставка дека мажите не можат да ја контролираат својата основа, односно грабливите импулси, а дека жените се одговорни – и потполно на милост на тие импулси. Неговиот поглед на женската сексуалност еднакво е за осуда – според книгата на Рита Банерџи „Сексот и моќта“, Ганди сметал дека менструацијата „ги манифестира изопаченостите на душата на жената со нејзината сексуалност“. Тој исто така сметал дека користењето на контрацепцијата е знак на промискуитет

Мајка Тереза била бездушна кучка?

Од друга страна пак, мајка Тереза е она што е благодарение само на пропагандата на католичката црква. Таа пред да умре во 1997 година има создадено свој култ на следбеници отворајќи 517 мисионерски болници и тоа најмногу во Калкута, главниот град на сојузната држава Западен Бенгал во Индија. Но, барем две децении наназад нејзините мисионери ги следат финансиски малверзации и медицинска корупција.

Серж Лариве и Женевив Шанерд од Отсекот за психоедукација на Универзитетот во Монтреал, заедно со Карол Сенешал од Универзитетот Отава, во 2012 издале студија во која се опишуваат нејзините злочини  докторите кои ги посетиле нејзините мисионерски центри откриле дека една третина од пациентите лежеле на смртна постела препуштени сами на себеси.

Според овие автори докторите забележале недостиг на медицинска нега, храна и средства против болки, иако Тереза во тие цели собрала милиони долари од целиот свет. Покрај ова тие откриваат дека, и покрај тоните пари собрани преку донации кои постојано и биле праќани на Мајка Тереза, нејзините болници воопшто не изгледале ништо подобро во времето на нејзината смрт од времето кога тие биле основани. Од сопствената болест пак, Тереза се лекувала на клиниките во Калифорнија. Состојбата во нејзините мисионерски центри била толку лоша што сведоците ги споредувале со фотографиите од нацистичките концентрациони логор Берген – Белсен.

Покрај ова таа е многу критикувана и за нејзината дволична борба против абортусот. За неа „злосторство против неродените деца преставува најголема опасност за мирот во светот денес“ иако и таа знаела дека според сите истражувања се покажало дека абортусите се случуваат подеднакво во земјите во кои законски е забрането и во оние во кои се легални. Од друга страна пак, жените 34 пати почесто умираат од абортуси во земјите во кои е забранет.

Истата година, новинарите Кристофер Хиченс и Тарик Али објавуваат документарен ТВ филм под името „Ангел на пеколот“ кој се занимава со Мајка Тереза. Според Хиченс таа била демагог, поклоник на темните сили и слуга на светските моќници, односно дека многу порадо го осудува абортусот односно контрацепцијата отколку што им помага на сиромашните. Според Вашингтон пост, филмот исто така го опишува блиското пријателство на Тереза со Чарлс Китинг кој бил вмешан во економската криза во деведесеттите години, како и со Жан-Клод Дували, диктаторот од Хаити кој под името Папа Док се прослави со киднапирања и мачења. И покрај тоа што нејзините мисионери останале без средства, според Хиченс, Тереза примала пари од овие двајца кои им го упропастиле животот на милиони луѓе.

Редакцијата на Штипка целосно се оградува од ставовите изнесени во овој текст.
Текстот е преземен од порталот Vice.com »

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел ВОДНО – Вашиот избор за свадба од соништата
Ексклузивен ресторан и винотека, единствени по својот изглед и понуда. ...
Инекс Горица е туристички хотелски комплекс кој се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро. ...
Ресторан „БИСЕРА" е лоциран во населба Аеродром и успешно работи од 2000-та година. ...
Пица ресторан во центарот на Битола.