FaceBook  Twitter  

Муабетот „брат, нема работа“ веќе одамна се одомаќини во нашата држава, па така многу често можеш да се најдеш себеси како по кој знае кој пат го правиш истиот, па дури и со сестрите!

А не дека од него не те фаќа сафра, но едноставно, муабетот врви заедно со караванот на кој се наоѓаат сите оние работи кои што никогаш НЕМА да можеш да ги правиш, а се наменети токму за луѓето како тебе. Тука спаѓаат: 10 дена одмор на Ибица, прошетка со колегата на Филипините или Тајван, за девојките шопинг кога се попустите во Франција и ред други работи на кои не им се гледа крајот!

Е сега, доколку сме толку очајни и страшно многу расположени за работа, тогаш зошто не се обидеме да претрчаме до Блсикиот исток или пак, во подобра варијанта, да фатиме морска болест на некое бродче кое ќе не однесе некаде у п.м. каде многу полесно и побезболно би можеле да ги оствариме соништата од типот на оние што ги споменавме преска?

 Како до работа? 

Постојат многу агенции кои можат да ви помогнат да си ја остварите оваа намера, со тоа што за работа на брод ви се потребни и пари. За да конкурирате, некои агенции бараат дури и повеќе од 1000 евра (освен ако не станува збор за превара, нели? Во тој случак бараат онолку колку што имате). Што се однесува до работа во Авганистан, па сите познаваме по некој Кумановец, кој во најмала рака познава уште тројца такви, кои ја знаат оваа процедура и кои без проблем (бидејќи Кумановец во превод значи пријателски настроен човек!) ќе ве упатат што треба да направите.

Е сега, секако дека Авганистан не би го препорачал за девојки, иако познавам неколку такви кои биле таму, па потоа оваа работа им послужила во натамошната кариера. Нивното CV е нешто што секогаш паѓа во очи на странските вработувачи, па ако го имате, ќе ви биде многу полесно. Како и да е, на Авганистан треба да гледате како дека треба да работите на некоја платформа за нафта, а нели, сепак, на овие места „предност“ имаат мажите (се надевам дека на ова нема да ми замерат феминистките)?!

Од друга страна пак, доколку се одлучите за вакво нешто, треба да бидете подготвени за тоа дека може да ви се случи да спиете во шатори со уште десетици други слични на вас. Бомбите, пукотниците и рафалите се нешто вообичаено, бидејќи не постои база која не била и по неколку пати напаѓана, а дали вашата ќе биде една од оние што неколку Талибанци постојано кројат планови како да ја нападнат, е тоа се зависи од вашата среќа и од тоа каде ќе ве сместат.

Значи, ако нешто од ова не ви се допаѓа, тогаш слободно одберете ја варијантата со брод, но немојте да мислете и дека тука цвеќињата цветаат на секаде. Запомнете дека и тука многу често се работи и по 12 часови на ден, па доколку не ви се допаѓа и ова, тогаш можеби е крајно време и вие да земете партиска книшка...

 Money, Money, Money 

Платите на овие работни места најчесто се во зависност од тоа што го работите, па доколу на пр. работите во некој ресторан на брод тие се движат д 1100 до 1200 долари, додека бакшишит е мал и зависи од гостите. Што се однесува до муабетот „прифати било што, а кога ќе стигнеш таму обиди се да напредуваш“, треба да знаете дека во последно време конкуренцијата е многу голема, па доколку сте тргнале да „лупите компир“, тоа можете да го правите до крајот на вашиот договор!

Џабе работи, џабе не седи – тренд во Македонија

Во последно време во нашата земја се врти еден муабет кој накратко би го опишал вака: „Од кај ти најдов работа во оваа криза, па и плата ми бараш! Биди среќен што имаш работа, кого поголемиот дел од таквите како тебе или ги испуштаат од работа или седат дома и ништо не работат!“

 

Па пријатели мои, доколку се уште немате работа и макотрпно се обидувате да најдете нешто, се надевам дека нешто од ова ќе може да ви помогне, Ако ништо тогаш барем како утеха, бидејќи во државава има МНОГУ браќа и сестри кои се чувствуваат токму како вас. Поздрав и со среќа до сите!

 

Последнава слика е преземена од  http://aplavganistan.webs.com/ каде можете директно да се информирате за работата во Авганистан.

 

{/simplepopup}

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Во центарот на најпознатата улица во Битола „Широк Сокак" - ве покануваме да го посетите хотелот Милениум Палас. ...
Пица ресторан во центарот на Битола.
Гостилница која со духот и мирисот на староградско-етно стилот ќе ве натера да се чуствувате како во раните 40 години. ...
Duvet (Центар) Хотелот се наоѓа во центарот на градот буквално минути пешачење од плоштадот. ...
Хотелот Бистра е сместен близу до Мавровското езеро и три жичари кои водат до прекрасните скијачки терени. ...