Убавите девојки се популарни, сите сакаат да се дружат со нив, привлекуваат внимание каде и да се појават, ги добиваат најдобрите момчиња, најдобрите работи, така?

Па не баш. Една неодамнешна студија всушност покажа дека убавите девојки/ жени се дискриминирани во процесот на селекција за вработување. Израелски истражувачи испратиле 2500 лажни апликации за работа на отворени огласи за работни места. На секој оглас биле пратени две многу слични биографии од кои една со слика и една без. Лицата на самите слики биле различни – некои повеќе некои помалку убави и привлечни, некои воопшто не. Што се однесува до машките кандидати се покажало дека попривлечните момци биле поканети на повеќе интервјуа за работа. Но, за жените, изненадувачки, важи обратното: убавите жени требало да конкурираат на огласи за работа просечно по четири пати повеќе од обичните девојки само за да бидат поканети на интервју.

 

Според истражувачите, ваквото однесување не е резултат на стереотипот за „глупа русокоса“ туку на една уште поинтересна појава - љубомора на жените кон други жени. Факт е дека најголемиот број на менаџери за човечки ресурси се жени. Конкретно во студијата за која станува збор 93% од лицата кои ги разгледувале апликациите за работа биле жени. Значи проработела добрата стара женска љубомора во случаи кога жените менаџерки треба да се однесуваат целосно професионално.

 

 

Оваа студија е помалку разочарувачка. Посебно за припадничките на женскиот пол кои се и убави и паметни. Сепак, ова не значи дека треба да ја избришете вашата слика од вашето ЦВ. Порано или подоцна ќе треба да се соочите со другата страна кога барате работа. Останува само да продолжиме да веруваме дека освен физичкиот изглед и квалификациите и способностите играат улога при вработувањето. Зборуваме за идеални услови, не за Македонија. Кај нас генерално важат сосема други правила.

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?