Денес ви го прикажуваме овој необичен, но доста вкусен рецепт кој вреди да го испробате!

 1 recept

Потребни состојки за корите:

- 200 грама маргарин

- 300 грама брашно

- 2 лажици мед

- 3 лажици шеќер

- 200 милилитри кисела вода

- 1 прашок за пециво

Потребни состојки за фил:

- 800 милилитри вода

- 120 грама брашно

- 8 лажици шеќер

- 200 грама маргарин

- 200 грама ореви

За глазура:

- 150 грама посно чоколадо

- 3 лажици масло или една полна лажица маргарин

Начин на подготовка: Маргаринот оставете го да достигне собна температура. Помешајте го брашното со прашокот за пециво. Со рака соединете ги брашното и маргаринот, така што ќе добиете зрнеста смеса. Додајте шеќер, мед и кисела вода, па замесете средно тврдо тесто кое се лепи на рацете. Ако е меко, додајте уште малку брашно, а ако е тврдо, додајте малку кисела вода. Оставете го тестото да стои во фрижидер околу 30 минути, па поделете го на 4 дела. Загрејте ја рерната на температура од 180 степени, па развлечете кора со големина од 5-6 сантиметри. Направете мали дупчиња со вилушка, па ставете го да се пече. Додека се пече првата кора, развлечете ја втората. Секоја кора печете ја помеѓу 10 и 15 минути и строго внимавајте да остане бела, да не загори. Печените кори ќе бидат кревки и кршливи, па затоа внимателно ракувајте со нив.

Потоа почнете со подготовка на филот. Ставете 600 милилитри вода на оган за да соврие. Во преостанатите 200 милилитри разматете ги брашното и шеќерот, па измешајте добро за да добиете смеса без грутчиња. Варете во водата која веќе е зовриена и мешајте додека не стане погусто. Потоа отстранете го садот од оган и веднаш, додека е врела смесата, додајте ги мелените ореви и добро промешајте, па потоа додајте го маргаринот и мешајте додека не се соединат сите состојки. Во рамен сад ставете ја првата кора, третина од филот, втората гола, другата третина од филот, па третата кора и остатокот од филот. Преклопете со четвртата кора и врз сето тоа ставете некој потежок сад, за сето тоа добро да се залепи. Откако ќе постои околу 2 часа, прелијте со глазура од чоколадо растопено со маргарин или малку масло. Ставете и малку мелени ореви за декорација.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?