Доколку постите, а сакате да ги израдувате своите најблиски, но и себе, оваа торта е еден од најдобрите избори.

 1 chokoladna

Доколку постите, а сакате да ги израдувате своите најблиски, но и себе, оваа торта е еден од најдобрите избори.

Потребни состојки за кората:

- 300 грама кафеав шеќер

- 250 грама посен маргарин

- 300 грама брашно

- 40 грама соино брашно

- 60 грама какао во прав

- половина лажичка екстракт од ванила

- една кесичка прашок за пециво

Потребни состојки за филот:

- 750 милилитри соина павлака

- 450 грама посно црно чоколадо

- 80 грама прав шеќер

- половина лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка: Сите состојки за кората ставете ги во еден сад и направете мазно тесто. Ставете ги во кружен калап обложен со масна хартија и печете во рерна на 180 степени, околу 45 минути. Изладете ја кората и пресечете ја на три дела. 

Од соината павлака направете шлаг со миксер. На пареа стопете 400 грама црно чоколадо, додајте 250 грама од шлагот, шеќер, ванила и матете со миксер, а остатокот од шлагот изладете го во фрижидер. Долната кора филувајте ја со течниот крем, ставете ја другата кора и така по ред доека не го потрошите целиот материјал. Од преостанатата чоколада може да направите декорации.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?