Вкусни колачиња кои едноставно се топат во уста.

 1 kolachi

Вкусни колачиња кои едноставно се топат во уста. Без разлика дали постите, спремате посна слава или слично, овие колачиња со ореви ќе бидат прекрасен дел од вашата трпеза.

Потребни состојки:

- 125 грама посен маргарин

- кора и сок од лимон

- 100 грама мелени ореви

- 150 грама шеќер во прав

- 300-400 грама брашно

- џем

- малку прашок за пециво

- 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка: 

Изматете го маргаринот со миксер заедно со 100 грама шеќер во прав, а потоа додајте ја изренданата кора од лимон и сокот од лимон, брашното и прашокот за пециво. Додајте ванилин шеќер, а потоа и мелени ореви, па замесете средно тврдо тесто. Направете кора од тестото со дебелина од половина сантиметар, па со чаша со средна големина исечете кругови и редете ги во сад кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете во рерна на 170 степени, околу 15 минути. Изладените колачиња намачкајте ги со џем и залепете ги една со друга. Ставете им и прав шеќер.

Пријатно!

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?