Овој пат кугловот може да ви послужи како инспирација да испробате нешто ново, во солена варијанта.

 1 makaroni

Овој пат кугловот може да ви послужи како инспирација да испробате нешто ново, во солена варијанта. Прекрасен, декоративен и неверојатно вкусен, овој рецепт ќе ги изненади вашите домашни.

Потребни состојки:

- 250 грама макарони

- 3 јајца

- 100 грама павлака

- 200 грама сирење

- 200 грама спанаќ

- малку праз

- масло

- сол

- 150 грама сецкани сувомеснати производи (по желба)

Начин на подготовка: Сварете ги макароните, попржете го празот, па додајте го измиениот, исчистен и исечкан спанаќ, па потоа повторно добро запржете, па на крај додајте сол. Во павлаката додајте ги излупените јајца, па добро промешајте. Потоа додајте го пасираното сирење и исечканите сувомеснати производи, па сето ова додајте го во макароните и добро изедначете. Потоа додајте ги и спанаќот и празот, па повторно добро промешајте. Кугловот премачкајте ги со малку масло, па во него додајте ја смесата со макароните. Печете во рерна на 200 степени, околу 40 минути. Испечените макарони оставете ги малку да се оладат во самиот куглов, а потоа ставете ги во чинија и исечете. Освен што е вкусно, изгледа и невообичаено. Одличен начин да внесете разлика во вашето секојдневие!

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?