matte

Колку пати во вашиот живот сте се воздржале од вечерата, со надеж дека на тој начин ќе ослабнете?

 mit

Колку пати во вашиот живот сте се воздржале од вечерата, со надеж дека на тој начин ќе ослабнете? Најверојатно вашиот одговор е често. Но, всушност тоа е мит во кој треба да престанете да верувате. Експертите истакнуваат дека не е важно во кое време јадете, туку колку и што јадете. Со други зборови, тоа значи дека не треба да изберете да се одрекувате од вечерата, туку таа треба да ви биде лесна и умерена. Така, препорачуваат нејзината калориска вредност да не надминува повеќе од 500 калории, на тој начин ќе бидете сити, но нема да имате чувство на надуеност, ниту пак проблеми со спиењето, што би било случај доколку јадете обилно. Вечерата може да биде штетна за вашата линија, но и не мора. Тоа зависи од вам, затоа што вие контролирате што ќе ставите во вашата чинија и ќе внесете во телото. Таа посебно нема да ѝ штети на вашата линија во комбинација со некоја физичка активност, за која можете да се одлучите овие топли месеци кои веќе доаѓаат.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com