Купувањето сезонско овошје и зеленчук е наједоноставниот начин со кој можете да создадете здрава навика за исхрана.

sezonska

Во денешно време, кога луѓето сé помалку одгледуваат свежо овошје и зеленчук во својата градина, а многу од нив пронаоѓаат на полиците во продавниците, кои пристигнале од далечни краеви, сосема нормално е понекогаш да заборавите кои овошја и зеленчуци се во моменталната сезона и на важноста на нивно консумирање токму во таа сезона.

Иако достапноста на егзотични видови зеленчук и овошје кои не се во моменталната сезона може да ви донесат разновидност во вашата чинија, нешто што не сте можеле да си го замислите пред само 20 години, сепак, потсетете се и на некои негативни работи кои овие производи ги донесуваат. Прв на листата е вкусот. На пример, ако купите домати во најстудените зимски денови, тие ќе го немаат истиот вкус како и оние кои се собрани од градината или купени од пазарот за време на нивната сезона на зреење. Се согласувате со ова, нели?

Не знаете што со стариот леб? Направете брз и вкусен десерт >>

Купувањето сезонско овошје и зеленчук е едноставен начин за да создадете здрава навика за исхрана, па во вашата чинија ќе го имате токму она што му треба на вашето тело во таа сезона, и тоа со помалку потрошени средства. Така, пролетта во вашата исхрана внесува алкална храна во форма на зелен лиснат зеленчук, како што е рукола, спанаќ, зелена салата и слично, кои се грижат за чистење на телото и губење на неколкуте вишок килограми кои се собрале во текот на долгата зима, исполнета со тешка и калорична храна.

sezonska1

Со приближување на календарскиот почеток на пролетта, полека влегуваме во новата сезона на она што треба да го имате во чинијата. После неколку зимски месеци, кога на некој начин сте ограничени на сезонска храна, време е да ја разбудите природата околу вас и да ја ставите на вашата маса. Еве кои овошја и зеленчуци можете да ги консумирате оваа пролет.

Намирници кои се штетни и кои треба да ги избегнуваме >>


Сезонски зеленчук:

Грав, брокула, цвекло, целер, моркови, грашок, зелка, прокељ, боранија, пиперки, магдонос, аспарагус, тиквички, зелен лиснат зеленчук.
Сезонско овошје:

Јагоди, кајсии, цреши.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?