matte

Пред да го фрлите или изронете на птиците, испробајте го овој рецепт

/>

Ако често ви се случува да ви остане стар леб и не знаете што со него, буквално ве требаат пет минути да го претворите во одличен десерт, не сметајќи го, се разбира, времето за печење. За пудинг од леб, може да користите било кој стар леб, печива, кроасан...

Состојки што ви се потребни:

• бајат леб
• 250 мл млеко
• 50 g шеќер
• 2 јајца
• ванилин шеќер
• кора од лимон
• цимет
• сол
• суво грозје (опционално)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 170 °C. Лебот поделете го на помали парчиња и наполнете 4 мали керамички тави за печење или едана голема што претходно сте ја намачкале со путер.
2. Изматете ги јајцата со шеќер, малку сол, цимет, ванилин шеќер и лимоновата кора. Додадете млеко и промешајте и, ако сакате, додадете суво грозје.

3. Малите тави наполнети со леб прелијте ги со мешавината од јајца и млеко и оставете парчињата да ја впијат течноста, а потоа прелијте ги со остатокот.
4. Печете 20-45 минути, во зависност од рерната, или додека лебот не зарумени, а колачот е компактен како пудинг. Уживајте!

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com