Луѓето кои редовно јадат ваква храна не само што го продолжуваат својот животен век, туку и помалку заболуваат од тешки болести како рак, срцеви и респираторни заболувања.

Оние кои редовно ја јадат оваа храна не само што го продолжуваат својот животен век, туку имаат и помали шанси да се разболат од тешки болести како што се рак, срцеви и респираторни заболувања, велат научниците.

„Нашите истражувања укажуваат на врска помеѓу консумирањето на зачинетата храна и должината на животот, како и намалување на морталитетот“ се истакнува во студијата на групата на меѓународни истражувачи објавена во магазинот British Medical Journal. Повеќегодишното набљудување на околу 500.000 Кинези со старост од 30 до 79 години покажа дека личности кои скоро секојдневно јадат зачинета у лута храна живеат подолго, т.е. поретко заболуваат од смртоносни болести.

„Нашите резултати ги поткрепуваат досегашните истражувања кои укажуваа на потенцијалната заштитно влијание на зачинетата храна на човечкото здравје “ истакнуваат истражувачите од кинеската Академија на медицинските науки и Универзитетот Оксфорд и Харвард.

Тие претпоставуваат дека главната улога ја има капсаицинот, активната супстанца која се наоѓа во лутите пиперки и која има антиоксидантно и антивоспалитено дејство што помага во борбата против дебелеењето и појавата на рак.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?