Еден познат професор го започна своето предавање така што со рацете подигна една пара во вредност од 2000 денари во воздухот.

Во просторијата имаше околу 200 луѓе и тој ги праша: „Кој сака да му ги дадам овие 2000 денари?“

Речиси сите почнаа да ги подигаат раце

Потоа познатиот професор додаде: „Ќе му ги дадам парите на некого но дозволете ми прво да направам нешто со нив – ка,а и ја стутка парата во рацете. Потоа повторно праша: „Кој се уште ги сака овие 2000 денари?“

Луѓето повторно ги подигнаа рацете

А што ако го направам ова? Ја спушти парата на подот и почна да ја гази со кондурите. Потоа ја зема во рацете и ја подигна од подот, сета стуткана и извалкана, па повторно ги праша луѓето дали ја сакаат парата. Тие повторно ги подигнаа нивните раце.

Пријатели мои денес научивте една многу важна лекција. Без разлика на тоа што го направив со парата, вие и понатаму ја сакате, бидејќи тоа не ја намали нејзината вредност. Се уште вреди 200 денари. Многу пати и ние во нашите животи паѓаме на земја, ќе бидеме прегазени, стуткани, ќе се најдеме во кал поради некои одлуки што сме ги донеле во животот и поради околностите во кои што сме се нашле на нашиот животен пат.

Во таквите моменти се чувствуваме обезвреднето. Но што и да се случило или што и да треба да се случи, вие никогаш нема да ја изгубите вашата вредност. Вие сте посебни – и тоа никогаш не треба да го заборавите!

barate

 


Booking.com