Големат трагедија во семејств0ото на познатиот актер

Познатиот српски актер Срџан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана доживеаја голема трагедија кога нивното тригодишно синче Дејан ненадејно почина во нивниот семеен стан во Белград. Обдукцијата според зборовите на сопругата на Срџан покажа дека станува збор за синдром на ненадејна смрт на детето и дека малиот Дејан пред да почине бил болен и пиел антибиотици. Тој заспал околу 5 и околу 6 и 30 се обиделе да го разбудат кога виделе дека неговите усни се помодрени и дека е целосно потонат во постелата.

Синдромот на ненадејна смрт најчесто се случува кај деца на возраст од година дена и најчесто настанува во сон. Почесто се јавува кај машките деца, во зимскиот период, кај деца кои не се дојат, кај деца што користат цуцла и најчесто се случува на возраст од 4 до шест месеци. Кај децата постари од една година синдромот на ненадејна смрт се јавува најчесто на сон, што всушност и се случи кај детето на Срџан.

Се смета дека синдромот на ненадејна смрт зависи од повеќе фактори. Во светот во моментов постои голем број истражувања за причинителите на ненадејна смрт и покрај сите расположиви дијагностички можности и обдукциски истражувања - причината останува неразјаснета. Никој не може да објасни како доаѓа до појава на овој синдром.

Превенција од ненадејна смрт претставува низа од мерки – спиење на грб, доење, тврда основа на креветот, спиење во сопствен кревет или лулка, да не се користат цуцли, одржување на температура во просторијата од 18-22 степени, користење на аларм за бебиња. Превенција кај постари деца е режим на спиење и исхрана што подразбира детето да не легнува веднаш по јадење, да се пријават на педијатар доколку детето потешко се буди и слични симптоми кои за жал понекогаш се непрепознатливи и неспецифични.

Во превенција мора да се спроведе и едукација на граѓаните за основна прва помош и реанимација. Покрај ова значајно е на несреќните семејства и опкружувањето да им се пружи психолошка потпора за пребродување на ваквата тешка и драматична состојба со која и докторите кои се обучени за живот и во постојан контакт со смртта, тешко се носат како луѓе.

Само да потсетиме, синот на актерот Срџан Жика Тодоровиќ почина во среда во 19.45 во нивниот семеен дом во Белград. Според обдукциските наоди Дејан Тодоровиќ (3) починал од синдром на ненадејна смрт, а неговиот погреб ќе биде одржан во сабота во 16 часот.

Детето ќе биде кремирано.

barate

 


Booking.com