Откако А1Он ја објави сторијата за близнаците Тео и Тони кои се напуштени од родителите и живеат со своите баба и дедо, голем број граѓани се јавија и донираа за сиромашното семејството.

Но покрај храна и облека, семејството Зафировски има потреба и од парична помош. Сметката на нивниот дедо е блокирана поради долг од 12 илјади денари, а бидејќи немаат струја од 1992 година не можат да ги приклучат новиот функционален фрижидер и новата перална за алишта која што ги добија преку донации. Покрај ова немаат ни печка за огрев, а живеат во куќа со импровизирани прозори и врати кои не го задржуваат студениот воздух кој влегува од сите страни. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска донираше 3.5 кубици дрва, но засега бесполезно бидејќи стариот шпорет кој го имаат е во распад и е нефункционален.

Па, ајде да бидеме хумани и да донираме на сметката на Веле Зафировски бидејќи за ова семејство секоја помош е добредојдена. .

Стопанска банка
200002750535193

 

barate

 


Booking.com