Имаме и ние неколку двојнички на познатата Ким Кардашијан

Во прашање се девојки кои можат да и бидат конкуренција како по изглед, така и по стил, а воедно важат и за најпопуларните дами на социјалните мрежи во Македонија. 

Еве кои се тие:

Лила Филиповска VS Ким Кардашијан

Нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска знае како на вистински начин да ги истакне облините, но и да носи провокативни фустани кои станаа популарни благодарение токму на најпознатата старлета на светот.

Провокативната проѕирна облека не може да ги сокрие облините на Ким, а богами не може ни на атрактивната водителка на „Се' или нешто“

Елена Велевска

Елена изгледа неодоливо во тесни фармерки

Исто како и Ким Кардашијан

И таа е мајка и тоа на три деца, а каде и да се појави изгледа бомбастично и е во центарот на вниманието поради што постојано добива комплименти од своите верни обожаватели како во реалниот живот, така и на социјалните мрежи.

Сузана Гавазова

Фолк пејачката Сузана е уште една од нашите познати дами кои со својот изглед и сексапил не потсетуваат на Ким Кардашијан. Има слична насмевка со неа, како и раскошни облини, но и на сличен начин ги истакнува своите атрибути.

Па, големо БРАВО за самодовербата и сексапилот на овие наши дами...

barate

 


Booking.com