Откако се појавија на нивните рафтови, секоја година

Популарните чизми од „Saint Laurent“ според коментарите на многу Македонки на социјалните мрежи не се чизми, туку - магија!

Прв пат беа преставени од страна на луксузниот бренд „Saint Laurent“ во нивната колекција за есен-зима, а меѓу првите што ја имаа честа да ги носи беше ексцентричната дива Ријана. Таа буквално ги симна од манекенките на пистите и веднаш по ревијата се појави во еден модел, а наскоро следуваше вистинско лудило во целиот свет по нив. Станува збор за кожен модел зачинет со повеќе од 3000 Сваровски кристали кои се викаат Ники.

И манекенката Кеднал Џенер се прошета во нив, и тоа во потполно кежуал издание, додека Петра Еклстон ги носеше со мал црн фустан.

Сличен модел носеше и нашата позната водителка Елена Стефановска, во комбинација со здолниште о кожена јакна (види тука)

Но покрај изгледот, сите беа изненадени и од нивната цена.

Имено доколку се подготвени за нив да издвоите 10000 долари можете да ги порачате од интернет страницата на Нет-а-портер. Но доколку не сте подготвени за нив да платите колку и половина од годишните примања за патни трошоци на Силвана Бонева тогаш послушајте го советот на некои блогерки и обидете се да си направите свој модел.

barate

 


Booking.com