Педесет и две годишната професорка Снежана Тројачанец во чија потрага се вклучија голем број граѓани е пронајдена почината.

Информацијата е споделена на социјалните мрежи од страна на синот на Снежана, Филип. Потрагата по професорката од факултетот за земјоделски науки и храна, траеше два дена, откако вчера наутро нејзиниот сопруг забележал дека ја нема дома. Тој пријави во МВР, но и побара помош од граѓаните преку социјалните мрежи.

Според информации што ги пренесоа нашите медиуми, Снежана цел месец била на домашно лекување, бидејќи страдала од депресија.

Извор: Kurir.mk

 

barate

 

loading...

Booking.com