Во Британија овие денови се води жолчна дебата на оваа тема, а некои дури предлагаат и да се укине монархијата.

Принцот Вилијам и Кејт Милдтон очекуваат третото бебе кое треба да се роди следната пролет. Но не се радува секој во Британија поради ова. Имено, според актуелниот закон во Велика Британија жените не примаат никаков додаток за трето дете, што не важи за децата кои се родени пред 6 април 2017 година. Исто така родителите кои имаат повеќе од две деца нема да можат да аплицираат за стипендија за нивно школување. Ова е случува подари законот за ограничување на две деца кој детално е објаснет на сајтот на британската вада. Секако, постојат и исклучоци, кои се однесуваат на освоените деца, како и во случаи кога се раѓаат близнаци.

Исто така законот не се однесува за децата кои се раѓаат во кралските семејства. Децата на Кејт и Вилијам се издржуваат од пари на граѓаните и токму тоа е причината за незадоволството кое што го поттикна третата бременост на војвотката. Многу Англичани не се среќни поради новите измени во законот, па своето мислење го изнесуваат во јавноста.

„Ако Кејт Мидлтон беше сиромашна немаше да име никакви повластици за трето дете“, пишува во еден од коментарите на Твитер. Во британската јавност овие денови се води тешка полемика на оваа тема, а некои дури предлагаат и референдум за укинување на монархијата.

Што мислите вие за оваа ситуација? Дали е во ред со закон да се регулира контрола на раѓањето? И што мислите за законот за родителски додаток за мајки кои имаат три и повеќе деца, како и за правото да остварат бенефицирана пензија што беше донесен пред неколку години и во Македонија од страна на претходната влада на Никола Груевски?

barate

 

loading...

Booking.com