Пеколот на оваа девојка започнува на нејзина 13 годишна возраст кога прв пат се соочила со анорексија поради што во еден момент имала само 24 килограми!

Стефани како мала била полничка поради што нејзините сокласници постојано се шегувале на нејзина сметка во школото. Тогаш цврсто одлучила дека сака да биде слаба и се откажала од храната, а се што ќе изеде го повраќала. Нејзината борба со анорексијата започнува кога имала само 13 години, а и денес може да изеде само 100 калории дневно, но и да вежба без престан по 10 часа. Таа поради ова се најде во ваква очајна ситуација поради што нејзината сестра Џенет реши ја донесе во емисијата Доктори.

Имено, Стефани која денес има 29 години, на само 16 била во вистинскиот пекол на анорексијата. „Досега успевав да преживеам, но никогаш не живеев во вистинската смисла на зборот. Моето пореметување во исхраната е единствената врска која што ја имам“ – зборува отворено несреќната девојка која неколку пати била безуспешно на лечење. Таа во најлошата фаза имала само 24 килограми и изгледала како жив мртовец.

Покрај анорексијата, боледува и од депресија. Но сепак, како што вели самата, постои нешто во неа што и дава надеж дека работите сепак ќе тргнат во подобра насока. Тоа го мислат и докторите специјалисти кои учествуваат во оваа емисија и кои се надеваат дека за неколку месеци ќе успеат да направат поместување и да ја излечат оваа девојка.

barate

 

loading...

Booking.com