Отец Пимен во немилост на борците за заштита на животните

Отец Пимен вечерва предизвика бурна реакција на Фејсбук откако објави фотографија од печено прасе под која напиша: Е па анима, ние се најадовме. Туку со кучињава што правиме? Да викаме Кинези? Тој веднаш беше нападнат и критикуван на социјалните мрежи од борците за заштита на животните, па мораше да се јави со реакција во која што стои:

 

„Се изначитав така сочни коментари за прасето, а не добив одговор на прашањето: Што со кучињата скитници особено во малите градови? Понуди ли некој конкретно решение за нив? Или само на интернет сме сочувствителни со кучињата, а малку послабо со сите оние луѓе што се жртви на истите? Да им се загневте вака на кандидатите за градоначалници за да понудат решенија за овој сериозен проблем, повеќе ефект ќе имаше, отколку мене што ми го извадивте прасето низ нос. Ајде да работиме, а не да кажуваме како треба да ни изгледа менито“, напиша отец Пимен на својот Фејсбук профил каде можете да го видите и следниот коментар:

barate

loading...

Booking.com