Колкава плата земаат пекарите?

Многу пати сме сретнале оглас како во бурекџилница или пекара се бараат пекари и им се нуди плата од преку 30.000 денари. Овие огласи понекогаш ги збунуваат минувачите бидејќи просечниот работник најчесто е платен во рамките на државниот просек (околу 350 евра), што е сума речиси двојно помала од онаа што им се нуди на пекарите. Од друга страна и наставниците, па и докторите земаат помала плата, па се поставува прашањето зошто е тоа така? Но како што велат сопствениците на овие дуќани, денес речиси е невозможно да најдете пекар без работа и дека истата професија воопшто не е лесна. Поради овие причини тие мораат да им ги покачуваат платите за да ги задржат на работа или да понудат поголема сума за да најдат нови.

Не велат за џабе - кој рано рани, или е пекар или.. будала! :)

barate

 

loading...

Booking.com