Една од нив е самохрана мајка

Она што најмногу не радува овие избори е тоа што граѓаните на Битола , Арачиново и Македонска Каменица избраа претставнички на понежниот пол за нивни градоначалнички. Наташа Петровска победи во Битола и ќе биде првата градоначалничка по контроверзните 12 години владеење на досегашниот градоначалник Владимир Талески. Таа е Битолчанка родена на 18 декември 1971 година во Градот на конзулите.

Таа е поранеше професор по математика во техничкото училиште во Битола и координатор на советничката група во Советот на општината.

Покрај Битола, и со општина Арачиново ќе управува дама. Станува збор за Миликије Халими која е мајка на две деца. Таа е родена и живее во Арачиново, а има диплома од Педагошкиот факултет.

И Македонска Каменица со градоначалник жена.

Соња Стаменкова е дипломиран психолог и психотерапевт. Има 49 години и работи во приватна здравствена установа. Таа е самохрана мајка.

Инаку, според Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт во Македонија, се уште има ниска процентуална застапеност на жените на кандидатските листи за градоначалници, а тоа се однесува и за овие избори. Од независноста до денес само 22 жени биле министри во сите досегашни влади во Македонија, и тоа во минатиот владин состав имало четири министерки, а во актуелниот - три. Што се однесува до локалните совети пак, жените се со застапеност од околу 30 проценти, резултат кој е постигнат благодарение на изборната регулатива со родови квоти за жени, што се уште апсолутно не задоволува.

barate

 


Booking.com