Право на овие пари имаат сите работници во приватниот сектор кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година.

Според пресметките кои се темелат на просечната нето и бруто плата во Македонија, износот на К-15 за оваа година би требало да се движи од 9 до 13 и пол илјади денари што всушност претставува благо покачување во однос на минатата година каде што минималниот износ не надмина 9 илјади денари. До­кол­ку фир­ма­та не му испла­ти око­лу 8.500 де­на­ри на вра­бо­те­ни­от, и биде пријавена, ќе треба да пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра по работник, а ако и по пла­ќа­ње­то на каз­на­та, газ­да­та повторно про­дол­жи да ја иг­но­ри­ра оваа задол­жи­тел­на за­кон­ска об­вр­ска, вра­бо­те­ни­от мо­же да го ту­жи, по што ту­же­ниот ќе мо­ра да ги пла­ти си­те суд­ски тро­шо­ци, плус су­ма­та пред­ви­де­на за К-15. Рокот кој го имаат работодавачите за да го исплатат овогодинешниот надоместок за к-15 истекува на 31 декември, а голем дел од компаниите од приватниот сектор го чекаат последниот момент за да ги израдуваат своите работници. Меѓутоа, не е мал и бројот на компаниите кои минатата година не го чекаа декември за да ја извршат оваа исплата. Оваа година таков пример е компанијата Витаминка која што уште во јули исплати износ од 10.000 денари на основ К-15 на сите свои 570 работници.

Општиот колективен договор за приватниот сектор кој овозможува исплата на К-15 на работниците беше потпишан во 2013 година од страна на Сојузот на Синдикати на Македонија и Организавијата на работодавачи

barate

 

loading...

Booking.com