ban2

Крајно време е да се најде решение на проблемот и да се намали бројката на смртноста на новороденчињата во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден почина бебето кое беше родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово. Од Министерството за здравство информираат дека бебето починало откако претходно починала и неговата 30 – годишна мајка. „Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“, информираат од министерството. Инаку, смртноста на новороденчиња во Македонија е алармантна. Најголемиот проблем е во тоа што ваквата состојба не е нова, и наместо да се намалува, оваа бројка од година во година се зголемува. Ако во 2015 починале 198 деца, наредната година тој број се зголемил речиси 40 %.

Политичките партии постојано се препокуваат во врска со овој проблем и си ја префрлаат вината, наместо да понудат конкретно решение.

Ова е суровата вистина за преголемата смртност на новороденчињата во нашите болници >>

Но, крајно време е да се преземат вистинските мерки ...

barate

 

loading...

Booking.com