Во Клиниката за гинекологија нема доволен број респиратори, а претходната директорка потрошила 20.000 евра за да си го уреди својот кабинет со скап мебел?

Недоволниот број на респиратори за дишење, инкубатори, немањето простор за интензивна нега, болничките инфекции од кои умираат бебиња, лошите услови, нарушените меѓучовечки односи меѓу лекарите се дел од причините за зголемената смртност на новороденчиња, тврдат на  Клиниката за гинекологија, а пренесе порталот НоваТв.

Само во првите девет месеци од оваа година на клиниката починале 127 новороденчиња, а минатата година тој број изнесуваше 184 и беше двојно поголем од претходната кога починаа само 99 новороденчиња. Според Викторија Јовановска директорката на Клиниката за гинекологија, предвидено е да се раѓаат од 3500 до 4000 раѓања годишно, наместо 6000 колку што се раѓаат во клиниката и што е речиси за 50 % повеќе од предвиденото. Покрај ова недостасува и кадар, нема анестеолози, недостасуваат педијатри, нема место за инкубатори и имаат само 10 респиратори. Сето ова допринесува да има и интерхоспитални инфекции. Креветите се стари иако клиниката за гинекологија е стара само пет години. Мајките лежат на скинати кревети, а за сметка на тоа, претходната директорка потрошила фрапантни 20.000 евра за да си го уреди својот кабинет со скап мебел и непотребни лаптопи.

Поради малиот број респиратори во одделот за интензивна нега лекарите се принудени да избираат кое бебе ќе го исклучат пред време од апаратите. Недостасуваат и инкубатори, но и простор каде да бидат сместени, пишува порталот Нова ТВ. Од друга страна голем проблем претставуваат и нарушените односни меѓу лекарите, притисоците и стравот од претходната власт за да се посочат проблемите, како и плаќањето по учинок кое најмногу ги наруши меѓучовечките односи вели за Нова новата директорка.

Извор: NovaTv.mk

barate

loading...

Booking.com