Пејачката ја изгуби битката со канцерот

Дона Арес почина во 40 година по тешка борба со ракот. Пејачката три години водеше битка со опасната болест, а почина во својот дом во Бихач. Таа непосредно пред смртта пред своите обожаватели на социјалните мрежи откри дека се помирила со животот во симбиоза со ракот и дека воопшто не била свесна колку брзо може болеста да напредува.

Наместо тишина, избра да им помогне и на другите жени

Таа тогаш наведе дека се обидувала да се однесува како најздрава личност на светот. Не сакаше да ја крие својата болест, туку отворено зборуваше за се', а најмногу бидејќи сакаше да им помогне на сите жени кои се соочуваат со истите здравствени проблеми.

„Пробав гласна и тивка варијанта, заради личен истражувачки експеримент за нова книга која што ја пишувам. Ракот НЕ се убива во тишина, барем јас не сум тој тип. Во тишината паѓаме во уште поголема тишина и се согласуваме со се, па така и се предаваме. Тоа не е во мојот стил“, напиша таа. За жал Дона не дочека да ја објави нејзината книга.

Болеста се плаши од мене, а не јас од неа

Инаку, Азра Колаковиќ попозната како Дона Арес (37) за болеста дозна во 2014 година кога отвори писмото со резултатите и кога прочита дека е во претпоследна фаза од рак на градите, но и дека метастазите ги зафатиле и другите делови од нејзиното тело. Таа тогаш се загледала во својот лик и пред огледалото кажале „Нема да се предадам!“.

За неполн месец дена започнува со хемотерапија, па веќе во април истата година доаѓаат нови резултати дека нема повеќе метастази. Првата голема битка беше добиена. Но по некое време болеста повторно се појавува...

„Не ми беше добро, Се плашев, ги преживував кризните моменти, сонував дека заминувам. Стравував дека нема да ја преживеам хемотерапијата, крвната слика ми беше многу лоша. Бев блиску да се предадам. Но некако успеав да смогнам сила и, ова ќе звучи грубо, да ја засакам болеста. Ја прифатив како дел од себе. И од тогаш со сите сили се обидувам да ја исфрлам од себе“, раскажуваше Дона која пред да почине објави и неколку видеа на Инстаграм на кои се гледа како ја прима хемотерапијата.

 

barate

loading...

Booking.com