ban2

Елвис Бајрам, сегашниот градоначалник на Шуто Оризари и син на пратеникот Амди Бајрам, е претепан во неговата населба.

Настанот се случил денес попладне, а повредениот Елвис веднаш бил префрлен во болницата 8-ми септември. Според неофицијални информации градоначалникот на Шуто Оризари бил нападнат со секира по што се здобил со потешки повреди, но е надвор од животна опасност. Раната му е санирана и сошиени се 5-6 конци. Ситуацијата пред болницата е мошне напната, а има и засилено присуство на полицијата.

Како што пренесе порталот Либертас, Курто Дудуш, пратеникот од редовите на СДСМ за нив изјавил дека тепачката ја предизвикале повредениот Елвис и неговите телохранители. Имено, според Дудуш, Елвис и неговите почнале да ги кинат плакатите на Дудуш кои биле зелпени на штабот на СДСМ кој е сместен во дуќан на нивен симпатизер. Ова го видела жената на симпатизерот и излегла да се расправа со нив. Тие најпрво ја турнале и почнале да ја навредуваат, по што дошол и сопственикот на дуќанот. Тепачката се случувала во дворот на лицето во чиј дуќан е штабот на СДСМ. Откако истото лице било нападнато од Елвис и неговите телохранители, дошле да му помогнат неговите комшии, при што во масовната тепачка најдебелиот крај го извлекле сопственикот на дуќанот и Елвис, вели Дудуш, а пренесе Либертас.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го осудија инцидентот

barate

 

loading...

Booking.com