ban2

Пијан возач усмрти мајка и ќерка, а таткото и синот се борат за живот

Драгољуб Ј е уапсен поради сомнеж дека возел со 1.2 промили и ги усмртил Јована Љубиќ (27) и нејзината шестмесечна ќеркичка, а лекарите во моментов се борат и за животот на нејзиниот тригодишен син како и за сопругот Драгиша (27) кои исто така се тешко повредени во несреќата. Драгиша го возел семејството во „голф“ на автопатот кога измеѓу Ниш и Алексинци во петокот околу 22 часа во задниот дел го удрило комбе со кое управувал сега уапсениот Драгољуб Ј. Автомобилот во кој се наоѓало семејството буквално е смачкано во задниот дел, на местото каде што седеле мајката и нејзиното бебенце. Зад нивниот автомобил во друга кола возел нивен пријател. Тие биле заедно на свадба, а несреќниот човек го видел судирот. Возачот што го удрил семејството избегал, но пријателот пријавил во полиција по што истит брзо бил пресретнат и уапсен, пренесуваат српските медиуми. Според засега се уште непотврдени информации, уапсениот Драгољуб Ј. во крвта имал 1.2 промили алкохол, а Драгиша се уште не знае за смртта на неговата сопруга и шестмесечното бебенце.

barate

 

loading...

Booking.com