ban2

Сепак има нешто симпатично во нејзината приказна

Фиби Прис и покрај тоа што има 44 години се уште не сака да се откаже од својот сон да биде позната манекенка или актерка. Таа од свои 19 години упорно се обидува да го освои вниманието и досега сé што успеала е да се појави во неколку помали улоги во споредни филмови (ако ги исклучиме нејзините шокантни појавувања во медиумите!). Таа е МНОГУ ДОБРО позната, но НЕ во круговите што би сакала да биде – отприлика така некако ја опишуваат познатите американски медиуми, но тоа воопшто не ја засега Фиби. Таа продолжува да го прави она што најдобро знае, а тоа е да ги шокира сите со својот налудничав стил.

Така беше и овој пат кога сред Беверли Хилс се прошета во комбинација која повеќето од нас не би ја облекле ни на маскенбал. Но неуспешната актерка ваквите работи ги носи без срам.

Па, големо БРАВО за нејзината смелост ...

Најверојатно тоа е единствениот начин да биде во центарот на вниманието, а нам, искрено, по малку и ни е симпатична токму поради нејзиниот стил.

Што мислите вие?

barate

 

loading...

Booking.com