Понекогаш облеката зборува многу за нас

Еве на пример, Ким Кардашијан сака да привлече внимание. Тоа го знаеме сите, и тоа најмногу од нејзините шокантни комбинации со кои најлесно завршува на насловните страни. Старлетата сака да биде во центарот на вниманието и многу често не бира средства како ќе го направи тоа, а богами знае и многу добро да заработи од тоа. И токму затоа повеќе воопшто не е шокантно што ќе ја видиме во хулахопки и што под нив и се гледа долната облека. Таа одамна ги премина границите и проблемот не е во голотијата на која сме навикнати, ниту пак во тоа што нејзиниот задник е сé поголем, нејзината коса - сé подолга, а нејзината глава – сé потенка. Ниту пак во тоа што нејзината полусестра уште пред да стане полнолетна направи неколку пластични операции. И што безброј пати се соблече речиси гола на социјалните мрежи. Проблемот е во тоа што многумина ќе помислат дека тоа е сосем во ред, па воопшто нема да се чудиме ако наскоро и некоја наша девојка, желна за инстант слава, се појави на некој настан во слична комбинација. И потоа со недели се врти како главна вест низ нашите медиуми. Онака со гаќичките во преден план и со целиот тој невкус кој трешти на сиот глас.

Синдромот кафанска пејачка – силиконски усни, огромни гради, долги екстензии, задник како две лубеници и гардероба која ништо не остава на фантазија се повеќе зазема замав и кај нас, а тоа за жал можете да ги видите и во нашите весници и магазини, но и на телевизиските канали. Оние посериозните - тука пред се НЕ мислиме на девојките од кланот Кардашијан, ниту пак на сестрите Хадид кои без да мрднат со малиот прст се катапултираа на врвот во модната индустрија благодарение на врските и семејството; значи мислиме на оние кои се дел од модата, но немаат никаква врска со ваквата треш култура – тие воопшто не реагираат воодушевено на оваа појава! Нив дури и им се гади и блуе од ваквите испади на познатите риалити ѕвезди, кои се неминовни на запад, но како разонода, како медиумски шутеви за пошироката јавност, и најчесто ги има во таблоидите, додека кај нас се уште ги сфаќаме премногу сериозно. Па сега само прашање на време е кога некоја девојка ќе се појави во една ваква евтина комбинација – проѕирни хеланки со висок струк или пак тесен латекс фустан во кој изгледа како да се пикнала внатрешна тракторска гума. И кога вакви Македонки ќе видиме на местата на кои излегуваме, или во медиумите што ги читаме, знајте дека – ни се ближи крајот и ни нема спас.

Па, дали се согласувате со мене?

Робин Худ Џуниор од Кривогаштани (позајмено и преработено од Noizz.rs) 

barate

loading...

Booking.com