Дали се сеќавате на британскиот секс турист и неговата приказна за девојките од Хрватска кои ги спореди со вистинските западни спонзоруши?

Имено, додека повеќето туристи пред патување се подготвуваат така што истражуваат за знаменитостите и културата на некоја земја, некои се подготвуваат така што бараат информации за тоа какви се и како да освојат што повеќе жени во земјата што планираат да ја посетат. Токму таков е и британскиот секс турист кој неодамна ја посети Хрватска и кој неговите авантури ги сподели на Интернет. Според балканските медиуми, тој ова лето го поминал во Белград, а голема е веројатноста по Белград да го посети и Скопје за да се запознае со Македонките, но и со Албанките. Неговиот текст беше вирален пред неколку месеци, особено во Хрватска, и поради објавувањето тој доби голем број бесни пораки, па мораше блогот и објавата на форумот да ги избрише. Но работата не застана тука. Имено, овие денови се појави е-книга во која британскиот турист пишува за авантурите низ Хрватска во која детално го опишува и анализира својот двомесечен престој и „дружењето“ со девојките од хрватската метропола.

Станува збор за книгата „Zagreb Poosay Paradise: 16 Lays / 50 Days"  која се најде за продажба на Амазон со 44 страни содржина за само 3.74 долари. Како што наведува авторот, книгата ја опишува неговата интеракција со градот, т.е. детално го опишува ноќниот живот во Загреб, а преполна е и со лични анегдоти. Но проблемот настанал кога девојките кои се пронашле во описите воопшто не биле задоволни. Една од нив за еден хрватски медиум изјави (идентитетот на оваа девојка е познат само на редакцијата) дека лично од него слушнала дека преку цел ден му пристигнувале лоши пораки од бесни девојки, вклучувајќи ја и нејзината.

Британскиот турист во книгата раскажува некои од своите искуства, како на пример со 32 година девојка која му кажала дека сака чоколадо (фраерот е мулат!), потоа со 24 годишна студентка по медицина од Љубљана која во креветот била како динамит, 28 годишна учителка која најпрво глумела дека не сака да има секс со него, за да на крај се согласи да имаат анален секс, како и за односот со 21 годишна манекенка и сликарка со која дури бил и во врска една недела, но заклучил дека е празна и претерано љубоморна.

Неговиот заклучок е: „Ако сте црн и сакате да пробате врвни бели женски, морате да го посетите Балканот пред да станете престари за тоа. Овде навистина можете да најдете врвни парчиња. Ако сте бели, нема да се истакнувате, но и понатаму има девојки кои ќе го ценат вашиот стил, начин на разговор, вашите животни искуства кои локалните типови ги немаат. За белците Загреб е град кој треба да се посети поради квалитети, не квантитети, а мој френд се сплетка со шест врвни парчиња меѓу кои беше и една „го го“ танчарка. Ако сакате парче кое знае англиски и не клима само со главата додека зборувате, односно е интересна личност, Загреб е вистинското место за вас. Во секој Балканец се крие вистински воин, а на мене тоа ми е шармантно“, напиша на крај авантуристот за кој зборува целиот регион. Тој наводно во овој момент се наоѓа во Белград, но планира повторно да се врати во Загреб, а голема е веројатноста наскоро да го посети и Скопје каде би можел одблиску да го запознае табиетот на Македонките, но и на Албанките. Иако никаде не споменува ниту едно име, очигледно дека Балканките сакаат да се држат до дискретноста и НЕ сакаат јавно да се објавува со кој и каде одат по излегување, но токму поради тоа неговата е-книга и предизвика толкаво внимание во регионот. Како си поминал во Белград, и дали ќе го посети Скопје (ако тоа веќе не го направил) останува да видиме, но нема да се изненадиме ако наскоро ги почести читателите со неговите нови авантури...

barate

loading...

Booking.com