Спецјалистката за маркетинг и државна администрација, Ана Брнабиќ ја пишува историјата не само на Србија, туку и на Балканот.

Ana Brnabic1

Таа е првата лезбејка која станува премиер и тоа на било која земја, туку на Србија, каде меѓу другото пред неколку години имаше напад на геј парада и повредени.

Не дека изминативе децении, не сме слушале неофицијално за високи балкански функционери со хомусексуална ориентација, но таа е првата која јавно без никаков проблем, тоа и го соопшти на јавноста.

Она што е исто така интересно, Брнабиќ не е членка на ниту една партија и стана мандатор за составување на нова влада и иден премиер од министерското место за државна управа и локална самоуправа, каде беше поставена во август 2016 година како непратиска личност предложена од владејачката Српска напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ.


Спецјалистка за маркетинг и државна администрација

Според нејзината биографија, таа е родена во 1975 година, а се школувала и во САД и Велика Британија. Во 1998 година ги завршила студиите за државна администрација во Мичиген, САД, а потоа оди во Велика Британија каде ги завршила магистерките студии и се стекнува со MBA диплома од областа на маркетингот.

Во 2002 година се враќа во Србија и почнува да работи како службеник за односи со јавноста за Програмата за аграрен развој на Србија, проект спонзориран од ЕУ.

Во 2011 година влегува во американската компанија „Continental Wind Serbia“, а по две години станува директор на компанијата.
Зборува англиски и руски јазик.


„Не се срамам да работам било што“

Во времето кога се појавува на политичката сцена по покана на Вучиќ, интересот на медиумите за нејзниот приватен и професионален живот енормно расте. Од тој период е и оваа нејзина изјава:


„Животот во Велика Британија ме научи дека не е срамота да ја работам било која работа. Денеска си директор, а утре, додека да се снајдеш работиш во кафуле. Така беше и со делењето на флаери во Лондон за училиште за англиски јазик за пет фунти на ден, додека бев таму за магистерските студии... Разликата помеѓу министерската работа и другите професии, е што однапред го знаете вашето лимитирано време. Ако ја пропуштите својата шанса да покажете што знаете, нема да имате уште четири години тоа да го поправите„, изјави Брнабиќ во времето кога стана министерка.


„Се надевам дека нема да ме паметат само кај геј министерка„

„Верувам дека за три-четири дена сето ова ќе избледи и дека нема да бидам позната како геј министерка„, изјави Брнабиќ за американската агенција АП, по добивањето на мандатот за остав на нова влада.

Странските агенции и медиуми покажаа голем интерес за Брнабиќ, за која пишуваат дека ќе биде првата премиерка лезбејка на Балканот.

barate


Booking.com