matte

Истрагата се уште не открила како и од што починала познатата докторка која минатиот вторник беше пронајдена мртва во Скопје.

Фото: Илустрација

Докторката Масин која минатиот вторник беше пронајдена мртва во својот стан беше погребана во саботата, на гробиштата во Бутел. Нејзиното тело го пронајде нејзиниот сопруг Гоце, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија. Тој во вторникот вечерта, околу 21 часот, се вратил дома и веднаш ја забележал сопругата како лежи облеана во крв, со исеченици по телото и убодна рана во вратот. Kрај телото имало нож, а таа имала исеченици на вените на левата и десната така, но и исеченица на левата вратна вена. 

Според извори од истрагата, а како што пренесе весникот Дневник, обдукцискиот наод од Институтот за судска медицина се уште не е целосно готов, но и кога би бил, тој не би дал целосен одговор дали докторката извршила самоубиство или станува збор за убиство. Наодот пред се ќе даде почетни насоки во кои треба да продолжи истрагата, а фокусот во моментот е ставен на видеокамерите од околните згради за да се утврдат било какви сомнителни влегувања и излегувања од зградата во која беше пронајдено телото на докторката Јелка Масин-Спасовска.

 

barate


Booking.com