Волшебни полиња со лалиња во Холандија.

a park 012 a 610x394

Нарциси, лалиња, зумбули во сите нијанси на жолта, златна, пурпурна, портокалова и црвена боја, заедно со опојниот мирис кој се шири, убедливо претставуваат спектакл без конкуренција. Градината Кеукенхоф е изградена 1949 година, во областа во која се одгледувале луковици за цвеќиња, помеѓу Амстердам и Хаг, на земјиште на кое порано имало замок, во кој живеела грофица која го обожавала холандското цвеќе.

eline en puck 09 610x408

Интересен е фактот за лалињата кои се прва асоцијација за Холандија, впрочем не потекнуваат одовде. Тие се донесени во оваа земја во 1593 гидина од Константинополис, по барање на фламанскиот амбасадор кој бил воодушевен од нивната убавина.

keukenhof 078 610x457

Приказните за овој специјален цвет се ширеле брзо, а  нивната популарност растела. Така богатите холанѓани почнале да вложуваат во луковици и направиле развој на трговија со лалиња.

keukenhof 01 610x407

Оваа треска траела до 1637 година, кога лалето веќе не било така редок цвет. Преголемата количина на лалиња, ја симнала неговата цена и тогаш многу богати трговци банкротирале. Но, производството на лалињата и понатаму продолжува и по некое време заедно со лилјаните, гладиолите, нарцисите и други видови на декоративно цвеќе, повторно станува еден од најизвезуваните холандски производи.

keukenhoffountain 610x457

tulip 6 610x435

barate


Booking.com