loading...

Настан кој деновиве ја потресе јавноста во Македонија.

Фото: Илустрација

Гинекологот против кој деновиве беше поднесена тужба бидејќи цели девет месеци ја лажел неговата пациентка дека е бремена измамил и други жени. По објавувањето на сторијата од страна на Нова во нивната редакција се јавиле и десетина други пациентки со слични искуства со гинекологот против кого е поднесена тужбата. Една од нив во изјава за порталот вели дека веднаш откако го прочитала текстот знаела за кого станува збор бидејќи истото и се случило и нејзе додека докторот работел во една приватна болница. Тој и нејзе и велел дека е бремена, иако таа знаела дека не е бремена бидејќи претходно направила тест за бременост. Знаејќи колку таа сакала да има деца, тој излегол во ходникот и му соопштил на нејзиниот сопруг дека ќе стане татко, па дури и му го покажувал бебето на ЕХО.

Против гинекологот поднесена е тужба, а според адвокатката Ирена Фрчкоска на лекарот мора кривично да одговара и да му биде забрането да ја врши дејноста за да не наштети и на други пациентки.

Инаку, гинекологот против кого е кренато обвинение не оспорува дека девет месеци ја лажел 40-годишна пациентка дека е бремена и тврди дека тоа го направил заради нејзино добро со цел да ѝ се подобри репродуктивното здравје и да забремени по природен пат.
Извор: Нова ТВ

barate

loading...
Loading...
loading...