Северина го изгуби бебето?

Тоа се случило на денот кога таа требало да излезе на судење со Милан Поповиќ, со кого се спорат околу старателството врз нејзиниот син Александар. Нејзиниот сопруг Игор и свекор и Кеба се очајни поради овој настан бидејќи тие, како и целото останато семејство беа пресреќни што семејството ќе се прошири и одамна чекаа на тоа, пишува српски Свет.

„Северина во неколку наврати беше предупредувана од лекарите дека бременоста и е ризична и дека треба да мирува, што таа не го испочитува и редовно ги тераше настапите кои и беа закажани, уште пред да дознае дека е бремена. Но таа се шокираше кога виде дека и новинарите знаат за нејзината бременост. Сега, кога се случи тоа што се случи, се обидува да не мисли на тоа и се фокусира на работата. На инсистирање на нејзиниот сопруг Игор таа не го одложи патот за Америка и настапите со Министерките кои ја чекаат при крајот на месецот“, изјави извор кој е близок до пејачката и нејзиниот сопруг за магазинот Свет.

Но од друга страна, некои други медиуми пишуваат сосема други работи. Имено, по оваа вест која беше објавена во магазинот Свет, се огласи свекорот на Северина, Драган Којиќ Кеба, кој тврди дека ништо од тоа не е вистина, па дури ни приказната дека пејачката е бремена.

„Ништо од тоа не е вистина! Кога ќе биде точно ќе дознаете прво или од мене или од Северина. Чисти глупости!“ изјави Кеба за српскиот Телеграф.

 

barate

loading...

Booking.com