loading...

Велат дека да се биде мајка е најтешката работа на светот.

100 % се согласуваме со ова ! Но мораме да признаеме дека не е лесно и да бидете татко кој мора сериозно да зборува за Кореја додека децата весело му трчаат низ работната соба.

Професорот Роберт Е. Кели даваше интервју за Би Би Си во врска со јужнокорејската претседателка Парка Гвин Хај кога наеднаш во кадарот се појавија неговите дечиња. Секако дека тој е стручно лице кога станува збор за моменталната ситуација во Кореја, но очигледно е и мајстор во играта камено лице. Навистина немаме поим како успеа да го задржи тој озбилен израз на лицето додека децата му се маваа низ собата.

За среќа неговата жена (ние кога прв пат го гледавме видеово помисливме дека му е дадилка, но не е важно!) влета во собата и ги собра малите неранимајковци. Можеби најсмешен дел од видеото е нејзината рака која ќе остане во кадарот и ќе ја затвори вратата. Конечно!

А сега погледнете ја и Македонската варијанта >>

barate

loading...
Loading...
loading...