matte

Македонија е на работ на граѓанска војна.

Барем така пишуваат медиумите од целиот свет, иако ние искрено сме оптимисти и сме убедени дека нашите граѓани се свесни и дека нема лесно да потклекнат и да тргнат еден против друг во некаква си апсурдна пресметка за туѓи интереси.

Наместо војна, ние сакаме да гледаме љубов на нашите улиците. Среќни девојки како со својата убавина и насмевки ги прават среќни претставниците на посилниот пол. И обратно. И повторно љубов. Во тој контекст и ја пренесуваме оваа порака на Нора Сaм Шaкири која можеби е Албанка но и Македонка по душа. Тоа многу добро го знаеме бидејќи секој што има пријатели во оваа земја, секој што е пораснат во оваа земја и секој што ја сака оваа земја тој е исто толку Македонец како и било кој од нас. Или од вас. Исто е.

Еве го нејзиниот коментар:

„Фино вика другар ми Војо Цветановски : Хистеријата на Груевски вришти од нивните глави..Но ќе дојде денот..ма блиску е тој ден кога ние ќе се раатисаме, а овие хистеричниве ќе го влечат хистеричниот по улици..Богдан Илиевски да ти кажам брат не бива иако секогаш ти се радував кога ќе те видев, ти ја браниш хистерично оваа земја од мене? од маж ми? од брат ми? од сите нас кои израснавме тука..од нас ли ја браниш? Како? Извикувајќи чиста Македонија..М? Лажеш кога кажуваш дека имаш различни пријатели..ти веќе немаш пријатели бе Богдане..А многу те почитував..многу..Ќе ти текне Богдане дека пак треба да ме гушнеш и бациш кога ќе ме видиш и ќе ти текне Богдане дека си ја засрал онака дубоко бидејќи бараш чиста Македонија, а со мене сакаш пиво да пиеш..Не иде тоа така Богдане..не..Секое следно омаловажување, плукање и тепање тебе ќе ти го препишам..Ти си и ќе бидеш крив ако некому фали влакно од главата..“

Да, во мода е да си патриот и да си ја сакаш својата земја. Но патриотизмот нема никаква врска со партиската книшка и некакви си платформи кои служат само за да не испровоцираат и да му покажат на светот на кое бедно ниво сме. Да, никогаш не било модерно да плукаш и да ги хулиш своите сограѓани, па дури и кога тие не би биле во право. И зарем треба да се плашиме едни од други ако имаме различни мислења? Различни погледи на светот? И зарем не не учеа дека светот треба да го разбираме како поле за културен натпревар меѓу народите? А зарем јазикот не е дел од таквиот натпревар? И каде исчезна нашиот натпреварувачки дух? Да, ние имаме пријатели Албанци и немаме ништо против тие да зборуваат на својот мајчин јазик. И да, не веруваме дека во Штип, Кочани Прилеп, Битола некој може да ги натера со сила луѓето да зборуваат на некој друг јазик освен на македонски. Можеби треба да има табла на која покрај македонскиот ќе стои и некои друг јазик на која со големи букви ќе пишува Добре дојдовте. И толку! Но од кога не е христијански да се биде гостољубив?

И од кога е христијански да се мразиме едни со други?

 

barate


Booking.com